Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија утре ќе и гостува на АЕК Ларнака во последниот натпревар од лигашкиот дел од најновото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
Со победа на овој меч нашиот шампион и дефинитивно ќе презими во Европа, но ако се поклопат коцките дури и пораз може да значи европска пролет за тетовци. Избраниците на Јетон Беќири вечерва го имаа официјалниот тренинг на „АЕК“ арената пред утрешниот меч кој е со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

