Шкендија е со 54% веројатност за влез во елиминациската фаза на Конференциската лига на УЕФА

По синоќешното несреќно реми (1-1) со полската Јагелонија, и испуштената победа буквално во последните секунди од мечот, Шкендија, според најновите статистички показатели, сега е со нешто помали шанси за влез во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Имаше можност актуелниот македонски шампион да дојде до нова победа, но несреќно во 100. минута од натпреварот, по дури десет минути судиско продолжение, прими гол за реми.

Сега Шкендија е со 54% веројатно да најде место во елиминациската фаза или во топ 24 клуба кои ќе продолжат понатаму на европската сцена.

Но, ремито со Полјаците синоќа донесе плус поени за Македонија на клупската листа на УЕФА.

Сега Македонија е со +0.250 поени, доближувајќи се до Северна Ирска и до Литванија на листата, а издвојувајќи се на листата пред Андора, Белорусија и Луксембург.

 

Се вчитува...