Шкендија е веќе во Кишињев: Трите гола се одлична предност

Македонскиот вицепрвак Шкендија од синоќа е во Кишињев, Молдавија, во пресрет на реванш натпреварот против Дачија, кој ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тимот на Ќатип Османи со себе понесе одлична предност од три гола (3-0) остварени на првиот меч во Струмица. Со мудра игра и со квалитетот што несомнено го имаат фудбалерите на Шкендија, тоа треба да биде доволно за да се помине првата европска пречка оваа сезона.

skendija kisinjev 2

Шкендија денеска ќе го одработи официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот натпревар, а тренерот Ќатип Османи и капитенот Ферхан Хасани ќе имаат и средба со новинарите, на која ќе ги искажат своите ставови околу реваншот со молдавскиот тим Дачија.

Се вчитува...