Шкендија еден чекор подалеку од плеј-офот во ЛШ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Минимален пораз на Шкендија од 0-1 во пресметката со Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло во ЛШ. Македонскиот првак можеше да помине и подобро, можеше да помине и полошо. Двата тима имаа свои моменти во играта, свои минути, свои шанси. Од сите тие, Карабах искористи една, а Шкендија ниту една, иако можеше да биде сосема поинаку ако Ибраими подобро ги наместеше „нишаните“.

На крајот се сведе на тој еден гол, од пенал во 18. минута од средбата. Пеналот беше наивно направен, досуден по консултација со ВАР судиите.

Тетовските „црвено-црни“ пред повеќе од 18.000 гледачи на крајот требаше да дојде барем до еден гол, да создаде некоја тензија и да биде во игра за пласман понатаму. И вака Шкендија е во игра, но сега во Баку ќе мора да брка победа.

Само за потсетување дека тетовскиот тим веќе испиша историја, ќе игра за првпат во групна фаза во едно УЕФА натпреварување. Сега Шкендија е еден чекор подалеку од плеј-офот во ЛШ, но би можел таму да стигне ако во Баку направи два крупни напред кон уште еден историски успех за македонскиот фудбал.

Се вчитува...