Тетовска Шкендија веќе го дефинираше и списокот на пријателските натпревари за време на зимските подготовки.
„Црвено-црните“ низ подготовките за вториот дел од сезоната ќе одиграат пет тест-дуели. Се стартува со пресметката против АП Брера веќе во четврток (15 јануари), а потоа следи преселбата во турска Анталија каде ќе биде реализирана главната фаза од подготовките.
Во Анталија, Шкендија ќе одигра уште четири пријателски натпревари. Најпрво на 20 јануари против тимот на Олександрија, за да потоа на 24 јануари следи мечот со словачка Подбрезова.
На 28 јануари е договорен и дуел со Сараево, каде играат македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези, а потоа последен е мечот со Ордабаси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

