Македонскиот шампион, екипата на Шкендија ги дозна петте можни противници за 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. УЕФА пред утрешната ждрепка ги подели групите, па тетовци сега попрецизно знаат кој е можниот противник.
Шкендија, како носител, доби тешка група-можни противници од групата аутсајдери во која се и романски Клуж, како и унгарски Ференцварош. Уште се и Судува од Литванија, како и Арарат од Ерменија и Номе Калју од Естонија.
Сосема јасно е дека желбите се Арарат или Номе Калју од Естонија, а желбата е да се избегне Ференцварош во чии редови игра македонскиот репрезентативец Стефан Спировски.
МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ШКЕНДИЈА ЗА 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ОД ЛШ
Судува (Литванија)
Клуж (Романија)
Ференцварош (Унгарија)
Номе Калју (Естонија)
Арарат (Ерменија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА