Англискиот премиерлигаш Тотенхем предводен од Жозе Мурињо ќе дојде во Скопје на 24.септември на мегдан на Шкендија во следното квалификациско коло од Лигата на Европа. Шкендија славеше над Ботошани во Романија со 0-1, со голот на Бесарт Ибраими, а Тотенхем се провлече против Локомотив Пловдив во Бугарија и победи со 1-2, иако имаше негатива во второто полувреме.
Минчев во 72.минута донесе изненадувачка предност за Локомотив Пловдив, но до крајот сепак Тотенхем го сврте резултатот и стигна до триумф. Домаќинот доби два црвени картони, во 80.минута израмни Хари Кејн од пенал, а пет минути подоцна Тангуј Ндомбеле направи пресврт за 1-2 за англискиот тим.
На 24.септември, Жозе Мурињо и ѕвездите на Тотенхем доаѓаат во Скопје и голема штета е што и овој меч ќе се игра без присуство на публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА