Раководството на Шкендија денеска и официјално ги пушти во продажба билетите за натпреварот против ТНС, реванш дуел од квалификациите за Лигата на Шампионите што ќе се игра на 15 јули со почеток во 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Тетовци одлучија цената а билетите да изнесува 300 денари, а истите можат да се набават преку мрежата МКтикетс.мк, како и на продажното место „Монако Тобако“ во Тетово.
„За да се избегне чекање и непотребна мешаница, ги советуваме навивачите однапред да купат билет пред да пристигнат на стадионот“, порачуваат од раководството на Шкендија.
Првиот натпревар меѓу ТНС и Шкендија заврши 0-0, па тетовци имаат голема шанса да ја минат првата пречка и да ги продолжат квалификациите во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

