Шкендија денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Тетовци први ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната низ кој ќе се борат за враќање на шампионската титула во своите витрини. Максимално позитивна е атмосферата во таборот на црвено-црните кои веруваат дека може до врвот на македонскиот фудбал оваа сезона.
Според планот на стручниот штаб, од сабота тимот ќе работи со полн интензитет со по два тренинга дневно, а првите два контролни натпревари ќе се одиграат во периодот меѓу 17 и 22 јануари. На 25 јануари Шкендија заминува во Анталија, каде ќе одигра уште четири силни контролки пред почетокот на сезоната.
Шкендија есенскиот дел од сезоната го заврши со 37 бода, на делба на првото место, заедно со екипите на Силекс и Работнички. Пролетниот дел го отвора со натпреварот против Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА