Шкендија, со своите настапи на европската сцена, максимално го „билда“ рејтингот на македонскиот клупски фудбал.
Синоќешната победа над бугарскиот шампион Лудогорец од 2-1 донесе повисок рејтинг-коефициент за Македонија, па сега со коефициент – 6.416 веќе сме само на чекор од позицијата која носи за следната сезона и можност за македонските клубови повторно настапи во квалификациите за Лигата на Европа.
Пред Македонија сега на листата е Црна Гора со рејтинг-коефициент од 6.583.

Но, со најновата победа Шкендија веќе „скокна“ и во петтиот шешир пред ждрепката доколку учествува во групната фаза од Конференциската лига, ако не успее да се избори за настап во групите од Лигата на Европа.

Исто така, согласно статистичката веројатност, Шкендија сега е со речиси сосема израмнети шанси со бугарскиот Лудогорец, за место во групите од Лигата на Европа.
Ако, пред стартот на плеј-оф рундата од квалификациите на Шкендија и се даваа само 17% шанси за пласман во групите на ЛЕ, сега таа веројатност е 43%, наспроти 57% за Лудогорец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

