Шкендија го декласираше Работнички среде Скопје (ВИДЕО)

Шкендија се израмни, според бодовите со Вардар на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако во 26. коло триумфираше убедливо со 0-3 против Работнички на гостувањето во Скопје.

Тетовци, целата лутина поради претходниот пораз од Пелистер дома, сега ја истурија, на Работнички, целосно надигрувајќи го противникот за триумф со два гола на Красниќи и еден на Тамба.

На дуелот кој се одигра на теренот на ФФМ во комплексот „Куќа на фудбалот“, Шкендија поведе уште во 7. минута со голот на Красниќи.

А, потоа Тамба во 37.минута зголеми и на 0-2.

Во второто полувреме, во 71. минута и трет гол во мрежата на „романтичарите“, а втор за Красниќи, за конечна убедлива победа од 0-3, со која Шкендија се израмни бодовно на врвот со Вардар, барем до вечерниот натпревар на црвено-црните против Пелистер во Битола.


Се вчитува...