Денеска во седиштето на УЕФА беше извршена ждрепката за паровите од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Шкендија, за противник го доби тимот на Њу Сеинтс од Велс.
Во првата анализа, може да се каже дека првакот на Македонија доби противник по мерка, можеби најлесниот во групата со кој можеше да се падне. Њу Сеинтс стана првак со 78 бодови, или 14 повеќе од Пенибонт, иако во регуларниот дел од сезоната, новиот шампион имаше само бод предност пред плеј-офот.
Во своите редови имаат главно играчи од Англија, и од Велс. По еден има од Ирска и од Полска, и двајца се од Северна Ирска. Њу Сеинтс веќе играа со Шкенидја во сезоната 2018/19 во ЛШ. Првиот меч заврши со победа од 5-0 во корист на тетовскиот тим. И кога се чинеше дека се е готово, велшаните на ревашнот триумфираа со 4-0, и за малку не успеаја да направат сензација.
Натпреварите се закажани за 8/9 односно 15/16 јули. Првиот меч тетовскиот тим треба да биде гостин, додека реваншот е во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

