Шкендија го назначи Јетон Беќири за нов тренер

Јетон Беќири е ново-стар тренер на Шкендија. Тетовскиот тим денеска се одлучи да му ја додели довербата на 41-годишниот тренер, кој ќе има задача да ја врати титулата во Тетово.

Беќири доаѓа во Шкендија на местото на Ардијан Нухиу, кој пред Нова Година се раздели со тетовските „црвено-црни“, откако не ги исполни очекувањата на раководството.

Беќири има големо искуство со водење на Шкендија. Тој неколку пати беше во стручниот штаб на екипата и како асистент, и како прв тренер. Последен пат ги водеше „црвено-црните“ во 2015 година. Во меѓувреме беше тренер на Ренова, Дрита, Струга ТЛ и Билис Балш од Албанија.

Договорот на Беќири со Шкендија е до јуни 2025 година.

Се вчитува...