Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија утре ќе му гостува на Самсунспор во реванш натпреварот од плеј-оф фазата од најмладото клупско натпреварување на стариот континент, Конференциската лига на УЕФА.
Во добра атмосфера нашиот тим вечерва го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар кој е закажан од 18.45 часот. За потсетување, на првиот натпревар одигран во Скопје, турскиот тим славеше со минимални 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

