Шкендија го одработи официјалниот тренинг: Целта е со храбра игра до историја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе му гостува на романскиот ФЦСБ во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Нашиот тим има предност од 1-0 од првиот меч, но сепак утре ќе биде многу потешко на преполната национална арена во Букурешт.

Тетовци вечерва токму на овој стадион го одработија официјалниот тренинг. Во добра атмосфера и со храбра игра сите во таборот на Шкендија се надеваат дека утре можат да испишат историја.

Се вчитува...