Шкендија го доби првото дерби во битката за титулата во ПМФЛ во оваа сезона. Тетовскиот тим со 0-2 ја совлада чаирската екипа и така направи еден чекор напред кон титулата, воедно отпишувајќи го тимот на Шкупи од битката за трофејот.
Сега за чаирчани следува битка за второто место кое носи пласман во Европа, а Шкендија заедно со Струга ТЛ ќе се борат за освојување на пехарот. Следното коло се среќаваат овие два тима во Тетово, каде ќе биде пеколно тешко. Со победа Шкендија ќе се доближи дополнително до трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА