Шкендија ја чува предноста пред конкурентите на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига откако триумфираше со 0-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци во 26. коло. Вардар, пак, се повеќе се одлепува од дното по победата над АП Брера во Струмица која „ита“ кон Втората лига, а Силекс со неверојатен пресврт со два гола во последните десет минути дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Воска спорт во Охрид.
Шкендија до победата и трите важни бода на тешкото гостување во Кавадарци дојде во 69. минута од средбата.
Бесарт Ибраими украде една топка на 30 метри пред голот на домашните, одлично асистираше за Љатифи кој не погреши за водство од 0-1.
На крајот од првото полувреме имаше тензии на мечот, откако во финишот беше поништен погодок за Тиквеш поради претходен прекршок во напад. Но, на полувреме раководството на Тиквеш отворено го искажа својот револт кон судии, бурно реагирајќи поради поништениот погодок.
Силекс, во супер-драматичен меч во Охрид славеше по пресврт со 1-2 против Воска Спорт во Охрид.
Охриѓани на домашен терен брзо го изненадија фаворитот, екипата на Силекс поведувајќи уште во 13. минута од средбата. Беше досуден пенал за Воска, кој успешно го реализираше Адеми…
Но, во последните минути од средбата шок за домашните. Најпрво во 85. минута Николиќ израмни на 1-1.
А, потоа во втората минута од судиското продолжение спектакуларен гол на Донов од 30. минута за победа од 1-2.
Вардар победи со 0-1 на гостувањето против АП Брера во Струмица
Ефектен гол постигна Закариќ во 62. минута, мајсторски погодувајќи во противничката мрежа за водство од 0-1 на црвено-црните.
А, конечните 0-2 ги постави Спахиу со голот во 87. минута од средбата.
Беса, пак, под снежни услови победи со Гостивар со 2-1. Беса поведе со 1-0 во 55. минута, со голот на Селмани од пенал, а потоа во 72. минута и Шефити погоди од пенал за 2-0. Гостите го ублажија поразот со голот на Каланоски во 80. минута.
На дуелот меѓу Беса и Гостивар, гостите имаа можност да дојдат до погодок и водство во 37. минута од белата точка, но Костадин Захов одлично го одбрани пеналот на гостите.
ПМФЛ, 26. КОЛО
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР 0-2
Закариќ 62′ Спахиу 87′
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР 2-1
Селмани 55′(п), Шефити 72′(п) – Каланоски 80′
Скопје, Чаир: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-1
Љатифи 69′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 1-2
Адеми 13′(п) – Николиќ 85′, Донов 90’+2
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 4-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА