Екипата на Шкендија славеше на гостувањето на Чаир кај Шкупи со 0-2, и така се наметна како најсериозен кандидат за титулата во последните две кола од ПМФЛ. Со тоа за чаирскиот тим се чини остана само теоријата за првото место на крајот.
Шкендија по првиот дел имаше предност со голот на Клисман Цаке, а во вториот дел Фитор Адеми успеа да ја зголеми предноста и да дојдат до конечна и вредна победа.
Шкендија за ривал во битката за титулата во последните две кола ќе го има тимот на Струга ТЛ. Стружани на свој терен благодарение на голот на Марјан Радески минимално славеа над Гостивар и остварија важен триумф.
Работнички и дефинитивно го обезбеди директниот опстанок славејќи триумф над Тиквеш. Нерешено беше и во Турново, каде АП Брера и Брегалница играа 1-1.
Воска Спорт славеше над Тиквеш со 2-1 и обезбеди значајни бодови во битката за опстанок. Вардар и натаму не се откажува од директен опстанок, и денеска го победи тимот на Македонија ЃП со 1-0, со што „лавовите“ и дефинитивно се второлигаши.
ПМФЛ, 31. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0-2 (Цаке 18′, Адеми 59′)
АП БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1-1 (Ивковиќ 44′ – Филиповиќ 9′)
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1-0 (Радески 22′)
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 2-1 (Кочоски 31′, Шаркоски 90′ – Ѓорѓиевски 61′)
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3-1 (Дејли 28′, Мазари 54′, 81′ (п) – Луан Силва (п) 70′)
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0 (Ѓуриќ 90’+3)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА