Шкендија го победи Либерец за крај на подготовките во Анталија

Актуелниот првак Шкендија со триумф над Либерец (1-0) ги заокружува зимските подготовки во Анталија. Тимот на Ернест Ѓока имаше квалитетна „генералка“ и ја положи успешно. Стрелец на победничкиот гол за Шкендија беше Бесарт Ибраими во 55.минута.

Македонскиот тим беше на потребното ниво и покажа дека е подготвен за вториот дел од сезоната во македонскиот шампионат. Арменд Алими ја имаше најубавата шанса во првиот дел, шутираше со глава во 15.минута, но противничкиот голман успеа да одбрани.

Во второто полувреме, Бесарт Ибраими донесе водство за Шкендија, со одличен удар од 15 метри. До крајот немаше промена на резултатот.

Тренерот Ернест Ѓока мечот го започна со следниот состав: Захов, Мурати, Далку, Кривак, Мици, Алими, Тотре, Ахмери, Имери, А. Ибраими, Б. Ибраими.

Шкендија во првото пролетно коло ќе му гостува на тимот на Академија Пандев на 16.февруари.

Се вчитува...