Сенегалецот Фабрис Тамба по само пет месеци од Шкупи се пресели во ривалот Шкендија. Сенегалецот кој во септември минатата година дојде во Македонија од Беира-Мар од Португалија, денеска беше промовиран во дресот на тетовските „црвено-црни“.
Тамба игра на позицијата десно крило и централен напаѓач, и ќе биде големо засилување за Шкендија во битката за титулата во пролетниот дел од сезоната.
Сенегалецот оваа сезона одигра 12 натпревари во Првата лига, и постигна три гола и запиша една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА