Македонскиот вицепрвак Шкендија и официјално го претстави новиот тренер Ќатип Османи пред јавноста. Тој пред два дена потпиша договор со раководството на клубот, а денеска истакна дека се враќа со драго срце, и тоа во клуб кој сега има многу поголеми амбиции.
„Шкендија е сега сериозен клуб, кој има големи амбиции. Тоа за мене е голем предизвик и можам да ветам дека ќе работиме напорно и ќе се трудиме максимално за да ги оствариме целите на клубот. Не очекува и настап во квалификациите за Лигата на Европа, па со работа ќе се зафатиме веднаш. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми ја даде раководството на Шкендија со успешни резултати“, изјави Ќатип Османи на прес – конференцијата во клупските простории.
Шкендија изминатата сезона ги загуби битките на двата фронта, и остана без трофеи и во првенството и во Купот на Македонија. Целта ќе биде следната сезона да се освои барем еден трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА