Фудбалскиот клуб Шкендија објави дека постигнала договор со грузискиот клуб Торпедо Кутаиси за трансфер на својот талент Дашмир Елези. 18-годишниот фудбалер со тоа почнува интернационална кариера во клубот од Грузија, по одличните партии во дресот на Шкендија изминатите месеци.
Шкендија му се заблагодари на досегашниот придонес, и му посака успех на фудбалерот во новиот клуб.
„Клубот не прави проблем во желбата на играчот и неговото семејство да се преселат во странство, и заеднички е одлучено да се прифати понудата на еден од најдобрите тимови во Грузија“, стои во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА