Шкендија, пред заминувањето за Анталија, го промовираше и своето трето засилување во зимскиот преоден рок, хрватскиот интернационалец Иван Челиковиќ.
27-годишниот Челиковиќ, кој игра на левокрилната бековска позиција, доаѓа од редовите на Интер Запрешиќ, а потпиша договор на една година, со можност за продолжување на уште една.
„Првиот мој впечаток по доаѓањето во Шкендија е навистина одличен. Доаѓам во Шкендија за да ја освоиме титулата, и да овозможам да се подигне на едно повисоко ниво играта на тимот. Знам дека овој клуб има огромна поддршка од навивачите, и тоа беше една од причините кои ме мотивираа да ја прифатам понудата и да заиграм за тетовскиот клуб“ – истакна Челиковиќ по промоцијата во новиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА