Есенскиот првак Шкендија одлично работи на маркетиншки план. Лидерот на табелата во Првата лига го промовираше клупскиот магазин, кој ќе излегува на секои три месеци, и ќе ги информира своите фанови за најновите случувања во тимот.
Во првото издание, има интервјуа со тренерот Ќатип Османи и капитенот Ферхан Хасани, настапот на тимот во квалификациите за Лигата на Европа, како и осврт на есенскиот дел од првенството во Првата лига. Има статија посветена и за јубилејот на навивачката група „Балисти“ која одбележа 25 години од постоењето.
Во некое не така далечно минато, и Вардар имаше свој магазин…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА