Шкендија го промовираше Спахиу: „Дојдов во голем клуб… Шампионскиот пехар е приоритет!“

Шкендија и официјално го промовираше своето најново засилување, албанскиот репрезентативец Себастијан Спахиу, кој официјално се приклучи на црвено-црниот табор

25-годишниот Спахиу игра на напаѓачките позиции, а во Шкендија доаѓа од редовите на Рафсанџан од Иран. Роден е во Белгија е негов матичен клуб му е Мускрон за кој настапуваше и за првиот тим. Има играно и за клубови во Шпанија, како и во Албанија.

„Многу сум среќен што потпишав со Шкендија. Решив да дојдам тука затоа што е голем клуб, со големи амбиции и има страсна база на навивачи. Секако, сите во Албанија зборуваат за Шкендија Тетово и знам многу за клубот кого го очекува европска есен“ – истакна Спахиу во разговор за официјалната клупска страница на Шкендија, притоа дополнувајќи:

„Амбициите на клубот се многу големи и тоа ме убеди да дојдам тука. Добив сериозна понуда од раководството на клубот, а исто така и фактот дека клубот игра во Европа беше причина плус. Шампионската титула останува приоритет, тоа е првото нешто. Потоа мислам дека можеме добро да се снајдеме и во Европа. Треба да уживаме на европските натпревари но и да бараме резултат“.

Дали имаше влијание од Зејнулаи да дојде во Шкендија…?

„Да, има влијание. Тој ми кажа многу за клубот. Го познавам многу добро и на теренот и надвор од него и верувам дека ова ќе ми помогне да се чувствувам подобро во клубот.“

Околу амбиции на клубот за оваа сезона….

„Во фудбалот секако мора да ве водат амбиции. Нормално е амбициозен клуб како Шкендија да ја посакува титулата секоја сезона, а верувам дека ќе се снајдеме добро во Европа. Да бидам искрен, го гледав натпреварот против Лудогорец и видов многу добар тим. Не е дека ги познавам сите играчи, но го познавам тимот повеќе или помалку. Навистина ми се допадна второто полувреме. Како да немаше разлика во нивото меѓу Лудогорец и Шкендија, и покрај фактот дека Лудогорец е многу голем тим во Европа, играјќи ги сите тие сезони во Лигата на шампионите. Но, беше многу убав натпревар за гледање.“

Се вчитува...