Шкендија го промовираше засилувањето од Франција (ВИДЕО)

Актуелниот првак Шкендија го промовираше новото засилување, младиот француски репрезентативец, Абубакер Ес Сахал. Тој доаѓа од редовите на Генгамп, а се поврзуваше и со трансфер во Бенфика, Вулверхемптон, Стоук и Аталанта.

Абубакер ЕС Сахал има настапувано за младинските репрезентации на Франција до 17 и до 18 години и голем талент кој беше дел од вториот тим на Генгамп. Шкендија се подготвува за вториот дел од шампионатот на Македонија и се надева дека ќе успее да ја надомести негативата од осум бода во однос на лидерот Вардар.

 

 

Се вчитува...