Шкендија има предност од 2-0 по првиот дел во дуелот со Слован Братислава, и оди кон вториот триумф во групната фаза во Лигата на Конференции. Не само што постигна два гола, туку тетовскиот тим имаше и повеќе од играта, повеќе шанси кои ги материјализира во последните 15 минути од првото полувреме, за убедлива предноста, која ги носи тетовските „црвено-црни“ блиску до трите бода.
Прв се закани Љатифи уште во 8. минута, но неговиот обид го одбрани Такач. Следуваше и шансата на Слован преку Марцели, кој упати силен удар кој заврши во блокот, а топката заврши за малку над голот.
Во 33. минута славје кај навивачите на Шкендија. Ибраими нафрли од корнер, а Бајриќ со глава ја затресе сопствената мрежа за предност на домашниот тим.
— Shkëndija Football Club (@fcshkendija) December 11, 2025
Во првата минута од судиското надополнување, по еден брз противнапад Вебстер од лево асистира до Спахиу кој на вториот дирек стрела во празната мрежа на Слован.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

