Шкендија го „торпедираше“ Скопје на првиот тест зимава

Шкендија на извонреден начин ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига со убедлива победа над Скопје во првиот свој тест-натпревар.

Тетовци на пријателската средба со второлигашот Скопје триумфираа убедливо со 6-0 (4-0).

Стрелци на головите за Шкендија во првото полувреме беа Јилдрит Меџити во 7. минута, Аганспахиќ во 10. и во 32. минута и Веби Ислами во 41. минута. Во второто полувреме стрелаа и Ендрит Красниќи и Фитон Адеми.

Се вчитува...