Шкендија го возврати ударот во Купот: Ибраими и Хасани го „треснаа“ Вардар (1-3)

Вардар ја победи Шкендија со 3-1 во првенството, но тетовскиот тим само три дена подоцна се врати на „Телеком Арена“ во Скопје и го возврати ударот со полна мера. Составот на Томас Брдариќ го совлада Вардар со 1-3 и направи огромен чекор напред кон пласманот во финалето на Купот на Македонија. Шкендија е бранител на трофејот, а вардарци ќе имаат ѓаволски тешка задача да ја надоместат оваа негатива на реваншот во Тетово.

Томас Брдариќ направи мали промени во тимот, ги внесе Вујчиќ и Жуниор, а тоа ослободи повеќе простор за Бесарт Ибраими и за Ферхан Хасани, кои денеска беа безмилосни кон противникот.

VARDAR-SKENDIJA-KUP01.03 (30)

Бесарт Ибраими го отвори резултатот во 26. минута упати вистинска „бомба“ од слободен удар од 30 метри, тресејќи ја мрежата на Игор Алексовски. Пред самиот крај на првиот дел, беше досуден пенал за Шкендија, кој исто така го реализира Ибраими во 45.минута од средбата.

VARDAR-SKENDIJA-KUP01.03 (24)

На стартот од второто полувреме, пенал и за Вардар, по кој Хуан Фелипе намали на 1-2 во 51.минута. Вардарци тргнаа по израмнување, а Шкендија ги „начека“ на контра, и постигна трет погодок преку Ферхан Хасани во 76.минута од средбата.

VARDAR-SKENDIJA-KUP01.03 (2)

Реваншот во Тетово ќе се одигра на 19.април.

Во второто полуфинале се среќаваат Брегалница и Пелистер, а првиот меч е на програмата денеска, со почеток во 17 часот, на Градскиот стадион во Штип.

Се вчитува...