Шкендија го врати Егзон Белица

За настапите во Лигата на Конференции и во македонската ПМФЛ и Купот, Шкендија во своите редови го врати стоперот Егзон Белица. 34-годишниот дефанзивец доаѓа од тимот на Работнички.

Белица се враќа во Шкендија после 11 години. Тој во сезоната 2013-2014 беше дел од тетовскиот клуб. После Шкендија направи и интернационална кариера, игрјаќи во Интер Турку, Рига, Партизани Тирана и Приштина, пред 2023 година да се врати во македонскиот шампионат и во таборот на Работнички.

Белица ќе треба да ја зголеми конкуренцијата во одбраната на тетовскиот клуб. Како што е познато, оваа есен ќе биде тешка за Шкендија, со оглед дека ќе игра и во првенството, и во Купот и ќе игра шест меча во Лигата на Конференции.

Се вчитува...