Шкендија и Брегалница се единствените екипи со предност по првите 45 минути игра на денешните натпревари од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија води против Академија Пандев на домашен терен уште од 9. минута благодарение на феноменалната акција со двојно проигрување на Дориев и Елези по која Дориев донесе водство од 1-0.
Со идентични 1-0 води и Брегалница на полувремето против Тиквеш. Стрелец на голот за штипските „сини“ беше Милан Ѓокиќ уште во 4. минута од средбата по одличното проигрување од десната страна од Стефан Коцев.
Победа и Македонија ЃП играат без предност (1-1) на дуелот во Прилеп. „Лавовите“ први поведоа во 28. минута со голот на Абази, но Победа брзо израмни во 32. минута со погодокот на Ѓурковиќ.
Нема голови на пресметката меѓу Работнички и лидерот Струга ТЛ во Скопје.

ПМФЛ – 14. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ 1-0
Дориев 9′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 1-0
Ѓокиќ 4′
Прилеп: ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
Ѓурковиќ 32′ – Абази 28′
ВЧЕРА
Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

