Шкендија и дефинитивно се раздели со Валмир Нафиу

Крилниот фудбалер на Шкендија, Валмир Нафиу и официјално го напушти својот матичен клуб. Играчот кој досега настапуваше како позајмен во словачкиот тим Кошице, по завршувањето на сезоната требаше да се врати во Шкендија. Меѓутоа денеска тетовскиот тим му се заблагодари на соработката.

Нафиу по вторпат се врати во Шкендија во кариерата. Тој потекнува од таа фудбалска школа, а во 2012 година заминува во Базел, па преку Базел, Хамбургер, АПОЕЛ, Скендербег, Ренова, повторно се враќа во Шкендија во 2018 година. На почетокот на оваа година заминува на позајмица во Кошице.

Во Кошице запиша 12 настапи без постигнат гол и две асистенции, и вкупно одиграни 654 минути.

Се вчитува...