Шкендија и „дише во врат“ на Струга ТЛ: Шести едноподруго триумф за тетовци, прв пролетен пораз за Брегалница (ВИДЕО)

Шкендија силно ита кон врвот во Првата македонска фудбалска лига, откако стигна и до шеста едноподруго победа, овој пат на гостувањето против Брегалница во Штип со 0-1 во 28. коло од шампионатот. Брегалница, пак, го доживеа првиот пораз пролетва под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Горан Здравков.

Во првиот меч од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница имаше одличен почеток на второто полувреме со далеку подобра игра, а Ѓорѓиев во 48. минута го погоди и дирекот од голот на гостите.

Во првото полувреме и Шкендија имаше две одлични шанси, но Дориев во 24. минута и Чинари во 42. минута го погодија дирекот од голот на Шчекиќ.

Во последната минута, пак, Брегалница имаше 100% можност да израмни преку Додев, но неговиот удар од 12-13 метри беше лесен плен за гостинскиот голман.

Шкендија по оваа победа е на само три бода од лидерот Струга ТЛ, кој паузира во ова коло. Тетовци со тоа најавуваат жестока битка до крајот за освојување на титулата.

ПМФЛ – 28. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-1
Цаке 64′
УТРЕ (16 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ
Прилеп: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...