Шкендија игра без голови по првото полувреме против романскиот шампион ФЦСБ во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Низ главно сосема израмнето прво полувреме, без премногу возбудувања, гостите од Романија имаа неколку убави можности, но Гаје одлично интервенираше не дозволувајќи предност на ФЦСБ во раната фаза од натпреварот.
Тамба, на спротивната страна, имаше обид во 33. минута за водство на Шкендија, но одбрани гостинскиот голман, на крај и за први 45 минути без голови на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

