Шкендија и Пелистер „мируваат“ во Тетово, Беса има предност со Шкупи на Чаир (ВИДЕО)

Фудбалерите на Беса имаат изненадувачка предност од 1-2 на полувремето од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига против екипата на Шкупи на Чаир.

Шкендија, пак, има 0-0 по првото полувремето во пресметката со Пелистер во Тетово, а без предност за било која од екипите е и на дуелите Гостивар – АП Брера (1-1) и Струга ТЛ – Воска спорт (0-0).

Беса ја искористи грешката на домашниот голман Денковски во 13. минута, па Шефити украде топка во шеснаесетникот на Шкупи и лесно погоди во празната мрежа за водство од 0-1.

Веќе во 28. минута беше и 0-2 за Беса по автоголот на Лазаров.

Во 32. минута Асани од пенал ја намали предноста на гостите за 1-2 на полувремето.

Гостивар, пак, поведе со голот на Каланоски во 25. минута на дуелот против АП Брера.

Сепак, струмичани израмнија во 45. минута со голот на Велков.

Натпреварот меѓу Силекс и Вардар во Кратово почна со задоцнување од половина час поради доцнењето на вардаровите фудбалери на дуелот. По 30 минути игра Силекс има предност од 1-0 со голот на Алиќ уште во 9. минута од средбата.

ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-0
Алиќ 9′
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 1-1
Каланоски 25′ – Велков 45′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА 0-0
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 1-2
Асани 32′ – Шефити 13′, Лазаров 28′(аг)
УТРЕ (10 март, 14 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

Се вчитува...