Шкендија и Пелистер ветија фудбалско уживање во финалето од Купот (ФОТО)

Шкендија и Пелистер ветија вистинско уживање за сите љубители на фудбалот во утрешното финале од Купот на Македонија кое од 20 часот се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.

На прес-конференцијата пред средбата, од таборот на Шкендија отворено истакнаа дека ја посакуваат титулата како начин за заокружување на извонредната сезона…

„Секако дека посакуваме освојување на трофејот, иако знаеме дека нема да биде лесен натпревар. Она што е сигурно ветуваме убав фудбал за сите присутни на стадионот по кој на крајот очекуваме да се радуваат нашите навивачи“ – рече тренерот на тетовци, Ќатип Османи.

Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Неџат Хусени очекувано ја препушти фаворитската улога на противникот и покрај тоа што битолчани се бранители на трофејот…

„Јасно е дека Шкендија е фаворит, но ние одиме да одиграме квалитетен натпревар со отворен фудбал во кој секако ќе се обидеме да дојдеме до изненадување“ – истакна Хусеин.

Вечерва од 20 часот, Шкендија на стадионот „Младост“ ќе го одработи финалниот тренинг пред утрешното финале.

Се вчитува...