Шкендија – Шкупи е еден од поинтересните дуели од денешното 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Не ако се погледне актуелната ситуација на табелата, но поради ривалитетот кој го наметнаа меѓу себе двете екипи последниве години.
Сосема јасно, Шкендија верува во продолжување на победничката серија, но од Шкупи под водство на новиот тренер Умут Каран посакуваат изненадување во Тетово.
„Не чека тежок натпревар против актуелниот шампион. Но, ние имаме свои амбиции. По победата над Академија Пандев атмосферата во нашиот тим е на позитивно ниво. Факт е дека ќе ни недостасуваат пет стандардни првотимци, но ќе бидеме подготвени за да се избориме за позитивен резултат“ – вели Муарем Бајрами.
Во редовите на Шкупи ќе недостасуваат Баже Илијоски, Басилио Ндонг и Благоја Љамчевски поради повреди, како и Абдулкадир Занго и Армел Браџи поради жолти картони.
Вардар, пак, ќе очекува кикс на Шкендија а своја победа против струмичка Беласица за повторно да дојде до позначајна предност на врвот од табелата. Во првата меѓусебна пресметка оваа сезона двата тима ремизираа во Струмица.
Како потсетување на некогаш шампионските битки меѓу овие два тима сега дефинитивно „црвено-црните“ носат огромна фаворитска улога.
ДВОЈКИ – 13. КОЛО (13:30 ч.)
Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Турново: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
Кичево: ПОБЕДА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

