Шкендија и Работнички елиминирани од Купот на Македонија

Трофејот од фудбалскиот Куп на Македонија заминува од Тетово и ќе има нов сопственик. Шкендија е елиминирана по четвртфиналниот двомеч со Победа, ривалот кој му редовно му создава многу мака на актуелниот шампион. По изненадувачкиот триумф (0-1) на гости, фудбалерите на Победа славеа со 2-0 и на денешниот реванш меч што се одигра во Битола. Во полуфиналето се пласираа и Македонија ЃП, Академија Пандев и Беласица.

Јаник Макота беше двоен стрелец за прилепскиот прволигаш. Тој во 23.минута успеа да го отвори резултатот, а во 57.минута постигна уште еден погодок погрижувајќи се за големото изненадување.

И Работнички можеби важеше за фаворит, но е елиминиран од Македонија ЃП. „Романтичарите“ загубија со 0-1 и на арената „Филип Втори“ откако со идентичен резултат беше поразен и во Ѓорче Петров. Христијан Кировски во 71.минута стрелаше и донесе пласман за „лавовите“ во полуфиналето од Купот.

Беласица вторпат го совлада Силекс со 2-0 со головите на Милушев и на Георгиев, а Академија Пандев го декласираше второлигашот Кораби со 1-6.

КУП, 1/4 – ФИНАЛЕ

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 2-0

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

КОРАБИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-6

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС 2-0 

Се вчитува...