Шкендија и Ростов играа само еден час фудбал и ремизираа (1-1)

Шкендија ремизираше (1-1) на неофицијалниот пријателски натпревар против рускиот клуб Ростов што се одигра во Анталија. Мечот траеше 2 х 30 минути, а тренерите им дадоа шанса на поголем број фудбалери.

Ростов поведе во 23.минута со голот на Скопинцев, а Шкендија израмни во 58.минута со гол од пенал. Стрелец беше бразилскиот интернационалец Жуниор.

Се вчитува...