Шкендија и Шелбурн играат без голови на полувреме на „Тодор Проески“

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија игра без голови 0-0 против ирски Шелбурн на домашен терен во првиот историски натпревар на домашен терен во Конференциската лига на УЕФА.

Двата тима тргнаа внимателно од самиот старт на мечот, па првите десет минути не донесоа никакви возбудувања на теренот на „Тодор Проески“. И во следниот период натпреварот не ни донесе возбудувања, па по половина прво полувреме на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.

Првата полушанса на натпреварот ја имаше домашниот тим откако во 29. минута од некои 25 метри биеше Тамба, но топката заврши над голот на гостинскиот голман Спил. Само две минути подоцна Бесарт Ибраими биеше од непосредна близина, но овојпат одлично интервенираше Спил. Во истата акција Вебстер изведе незгоден корнер кој за малку не заврши во противничкиот гол.

Првиот удар кон голот на Шкендија гостите го имаа во 36. минута кога по средината биеше Мбенг, а неговиот удар без проблеми го скроти голманот Гаје.

До крајот на првиот дел мируваа мрежите за 0-0 на полувреме.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...