Со последните четири натпревари денеска се заокружува 29. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Без сомнение, најинтересна е битката за шампионската титула меѓу Шкендија и Силекс кои се на четири бода разлика.
Шкендија го пречекува Шкупи во натпреварот кој се игра без публика, а Силекс ќе има повеќе од тешка задача против финалистот во Купот, Струга ТЛ.
Во директна пресметка, пак, за третата позиција на табелата ќе се соочат Гостивар и Работнички.
ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
АП БРЕРА – слободна (ВОСКА СПОРТ се повлече од Првата лига)
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – БЕСА 3-1
Закариќ 45′(п), 57′, Мато 71′ – Стојановски 69′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА