Шкендија и Силекс останаа на иста дистанца на врвот по ремијата со Шкупи и Струга ТЛ (ВИДЕО)

Во сенка на новото напуштање на терените среде натпревар, овој пат од страна на ФК Гостивар, мина денешното 29. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое Шкендија и Силекс останаа на еднаква бодовна дистанца по ремијата на домашен терен со Шкупи односно со Струга ТЛ.

На натпреварот во Тетово, Шкендија успеаја да извлече 3-3 и покрај негативата од 1-3 против Шкупи на полувремето. Веќе до шестата минута имаше два постигнати погодоци, но интересно и двата автогола во рок од само една минута.

Најпрво Шкупи поведе со 0-1 со автоголот на Мерџани во 5. минута, а веќе во 6. минута Шкендија израмни на 1-1 благодарение на автоголот на гостинскиот дефанзивец Гуеје…

Веќе во 17. минута Шкупи повторно дојде до предност и тоа благодарение на евроголот на Имери директно од слободен удар од 25 метри. А, Ибиши во 38. минута зголеми и на 1-3.

Но, Шкендија се врати во игра во второто полувреме и успеа со автоголот на Диене во 51. минута да намали на 2-3, а во 86. минута со голот на Шала да дојде до 3-3.

Натпреварот меѓу Гостивар и Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари не го доживеа својот крај откако домашните го напуштија теренот во 85. минута, револтирани од судењето на мечот.

Пелистер, пак, славеше против Тиквеш со 1-0 благодарение на голот на Тарасенко во 75. минута од средбата.


ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1-0
Тарасенко 75′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 3-3
Гуеје 6′(аг), Деиене 51′(аг), Шала 86′ – Мерџани 5′(аг), Имери 17′, Ибиши 38′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0-0
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 1-2 (ПРЕКИН ВО 85. МИНУТА)
Ервин 67′ – Ангелов 79′, Дејли 84′
АП БРЕРА – слободна (ВОСКА СПОРТ се повлече од Првата лига)
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – БЕСА 3-1
Закариќ 45′(п), 57′, Мато 71′ – Стојановски 69′

Се вчитува...