Шкендија и со пораз од АЕК Ларнака може да избори 1/16-финале во Конференциската лига!

Македонскиот шампион Шкендија е пред историски успех, за себе и за македонскиот фудбал, да се избори, првпат во историјата за еден клуб од Македонија, за пролет на европската сцена.

„Црвено-црните“ се речиси сигурни во 1/16-финалето на Конференциската лига на УЕФА, со 95% веројатност, според статистичките показатели, да се најде во елиминациската фаза.

Во последното коло од лигашкиот дел од Конференциската лига, Шкендија во четврток (18 декември) од 21 часот гостува на АЕК Ларнака на Кипар. Јасно е дека со бод или победа тогаш е 100% осигуран пласманот во елиминациската фаза.

Но, Шкендија дури и со пораз од АЕК Ларнака има сериозни шанси да се најде во 1/16-финаето на Конференциската лига. Но, во еден таков случај, ќе треба фински КуПС да загуби на гостувањето од Кристал Палас, а босанскиот Зрињски на домашен терен да одигра нерешено (во тој случај Шкендија да загуби само со еден гол разлика од АЕК Ларнака) или да загуби од Рапид Виена. Исто така и исландски Бреидаблик ќе треба да ремизира или загуби на гостувањето против Стразбур во Франција.

Шкендија во моментов е на 21. место на табелата меѓу 36 екипи во Конференциската лига. Првопласираните осум екипи директно одат во осминафиналето на натпреварувањето, а оние од 9. до 24. место најпрво ќе разигруваат во 1/16-финалето за уште осум екипи кои ќе се најдат потоа во осминафиналето.

Се вчитува...