Шампионот Струга ТЛ ја очекува гостувањето против секогаш незгодниот Гостивар во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Стружани, сепак, ја носат фаворитската улога верувајќи дека може до нови бодови со кои ќе го задржат ритамот на врвот од табелата.
„Како и за претходните натпревари така и за овој ние сме подготвени да го дадеме максимумот. Јасно е дека не очекува тежок меч, носиме респект за Гостивар, но нема сомнеж дека Струга ТЛ ги посакува трите бода и од овој натпревар. И покрај елиминација во Купот, атмосферата е добра, имаме одличен тим и нема сега да се навраќаме на тоа што било туку размислуваме за сите следни предизвици“ – вели дефанзивецот на Струга ТЛ, Меџит Незири.
Шкендија, пак, пред своите навивачи ја пречекува Воска Спорт. По елиминацијата во Купот на Македонија, тетовци сега сите сили ги насочуваат кон првенството каде желбата е да се дојде до шампионската титула. Прва цел веќе денеска е победа и три бода против охриѓани.
ПМФЛ – 12. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: ВАРДАР – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Гостивар: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ
ВЧЕРА
Кратово: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

