Македонскиот шампион Шкендија има извонредна европска сезона која вечерва беше дополнета со триумфот од 2-0 против Слован Братислава.
Повеќе од заслужена победа на „црвено-црните“ која, освен рејтингот, го полни и „џебот“ на тимот од Тетово кој заработи и нови 400.000 евра со денешните три бода. Па, вкупната сума на Шкендија оваа полусезона од европските настапи досега е 5,5 милиони евра.
По пет одиграни натпревари Шкендија е и на извонреден пат да обезбеди европска пролет, првпат во историјата за една македонска екипа.
Во последното коло од лигашкиот дел од Конференциската лига на УЕФА, тетовци ќе гостуваат на АЕК Ларнака на Кипар, каде ќе биде неопходен само бод за сигурно продолжување во елиминациската фаза. Дури и со пораз, во зависност од останатите резултати, македонскиот шампион ќе може да се надева на пласман во елиминациската фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

































