Екипите на Шкендија и на Струга ТЛ во моментов имаат водства во битките со Шкупи на Чаир и со Гостивар на домашен терен, во битката за титулата меѓу трите тима.
Шкендија со голот на Цаке во 18. минута стигна до предност против Шкупи, и ја задржа до крајот на полувремето.
Марјан Радески, пак, ја израдува Струга ТЛ во дуелот со Гостивар.
Предност има и Брегалница на гостувањето во Турново кај Брера, додека Работнички со голот на Дејли води против Тиквеш по првите 45. минути. Воска преку Кочоски се стекна со предност во дуелот со Силекс, додека нема голови на мечот меѓу Вардар и Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА