Шкендија инкасираше плус 400.000 евра и и донесе на Македонија повторно четири екипи во Европа!

Шкендија синоќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја запиша првата историска победа за една македонска екипа во групната фаза од европските клупски натпреварувања во Европа во историјата.

Победа која го води македонскиот шампион понатака и со дополнителни шанси за борба за место и во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Но, покрај тоа „црвено-црните“ од Тетово си инкасираа за победата и плус 400.000 евра, а со најновите добиени бодови во европскиот клупски рејтинг, Шкендија и донесе на Македонија повторно четири екипи во сезоната 2027/28 во Европа.

Македонија сега на најновата рејтинг клупска листа на УЕФА скокна четири места, сега пред Црна Гора, Луксембург, Белорусија и Андора, со триумфот на Шкендија над Шелбурн.

 

Се вчитува...