Шкендија ита напред, Станковски имаше деби со реми

Шкендија продолжува со победи во домашниот шампионат, откако денеска во тетовското дерби ја совлада Ренова со 2-0. Победа со новиот тренер Славољуб Бубања триумфираше над Скопје со 3-2, а Работнички и Силекс ремизираа без голови на арената „Филип Втори“.

На Чаир, исто така поделба на бодовите, Шкупи и Пелистер одиграа 1-1.

Шкендија ја заврши целата работа во првото полувреме. Бесарт Ибраими во шестата минута го отвори резултатот по проигрувањето на Изаир Емини од левата страна, а Ферхан Хасани зголеми на 2-0 во 35.минута. Тој рутински со глава ја погоди мрежата, откако Алими беше во шанса, а одбраната на Ренова првично спаси на гол – линијата.

Ренова имаше свои шанси преку Валмир Нафиу и Емран Рамадани, но Захов излезе како победник во дуелите со противничките фудбалери.

IMG_9752

Работнички и Силекс ремизираа без голови. Горан Станковски со реми ја стартуваше тренерската одисеја на клупата на „романтичарите“, а тоа е прво реми за Силекс во новиот шампионат.

rabor-sileks 27.09 (13)

Шкупи и Пелистер одиграа 1-1. Оливер Пеев во 40.минута го доведе битолскиот прволигаш во водство, но израмни Ален Јашароски во 69.минута, неколку минути откако доби шанса од клупата.

Победа славеше со 3-2 против Скопје на Могила. Гешоски во 29.минута го отвори резултатот, Џугурдиќ израмни на 1-1 во 40.минута, но Дарко Илиевски сепак ја одведе Победа со предност на одморот.

На почетокот на вториот дел, Дејан Цветаноски зголеми на 3-1, а Скопје намали со автоголот на Александар Ристевски. Сепак, во судиското продолжение Борче Маневски го постави конечниот резултат, 4-2 во корист на Победа.

ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0-0

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 2-0

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 1-1

ПОБЕДА – СКОПЈЕ 4-2

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР одложено

Табела: Шкендија 22, Академија Пандев 14 (-1), Вардар 13 (-2), Шкупи 12, Силекс 10, Пелистер 9, Победа 8, Работнички 6 (-1), Ренова 6, Скопје 3.

Се вчитува...