Шкендија е веќе со една нога во 3. коло од УЕФА Конференциската лига и можна пресметка со подобриот од дуелот меѓу шведски АИК и украинска Ворскла, откако во првиот натпревар од 2. квалификациско коло триумфираше со 1-2 (1-1) на гостувањето против летонска Валмиера во Рига.
Тетовци беа многу подобар тим на теренот со можност и за уште поубедлива победа, но искористија само две можности, во секој случај за повеќе од голема победа на патот кон следната рунда европски натпревари.
Шкендија уште во 9. минута доаѓајќи до предност од 0-1 на стадионот на Даугава во Рига, со погодокот на Љупче Дориев.
Но, Валмиера со голот на Гуеје во 45. минута успеа да дојде до израмнување пред полувремето.
Шкендија во третата минута од судиското продолжение од првиот дел имаше можност повторно да дојде до предност, но Бејтуали ја погоди само гредата од голот на домашните.
Во второто полувреме повторно македонскиот тим со далеку подоминантна игра на терен. Се редеа шанси, за да во 63. минута Гури погоди за 1-2.
До крајот домашните се обидуваа да дојдат барем до израмнување, но не успеаја во тоа. Реванш дуелот се игра на 28. јули во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА