Фудбалерите на Шкендија го реализираа официјалниот тренинг во Баку пред утрешниот натпревар (18 часот) против азербејџански Карабах во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Предводени од капитенот Бесарт Ибраими, тетовци го одработија тренингот почувствувајќи ја атмосферата на републиканскиот стадион „Тофик Бахрамов“ во Баку.
Силна е вербата меѓу „црвено-црните“ дека може успешно да се парира на противникот во желбата да се стигне до изненадување на гостински терен и пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

